четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Ваквата провокација од Бугарија е последица од гласањето на СДСМ и ДУИ за бришење на АСНОМ од Уставот на Република Македонија

Милошоски: Ваквата провокација од Бугарија е последица од гласањето на СДСМ и ДУИ за бришење на АСНОМ од Уставот на Република Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, при денешната посета во Велес одговараше на новинарско прашање поврзано со изјавите на министерот Османи за случајот со Ванчо Михајлов и дали очекува Ковачевски да ги осуди потезите на Бугарија за промоција на ликот и делото на Михајлов и рече дека објавата на Ковачевски на ФБ профилот, со која повеќе наликува на бугарскиот политичар Слави Трифонов кој не дава изјави пред новинари и дебатни емисии со соговорници од другата страна, туку некои видео-изјави на социјалните мрежи. Милошоски рече дека и со самата изјава на министерот Османи се потврдува дека македонската влада, Ковачевски и Османи знаеле за доаѓањето на бугарската делегација и преку МВР и МНР асистирале за чинот кој се случи во Битола.

– Тоа беше понижување и за Битола и за целата Македонија и провокација која не ги зближува ниту Македонија со Бугарија ниту обратно, туку создава дополнителен раздор. Јас само би потенцирал дека ова што се случи во Битола како чин на дрска провокација кон македонскиот народ е последица на гласањето од декември 2018-та година кога 64 пратеници на СДСМ и нивната коалиција, гласаа за бришење на одлуките на АСНОМ од Уставот на Република Македонија и кога вие гласате за бришење на одлуките на Антифашистичкото собрание од Уставот, тогаш ова се последиците.

Ние како опозиција предупредувавме дека не треба да се менуваат и да се бришат одлуките на АСНОМ, но СДСМ и ДУИ го направија тоа што го направија заедно со ЛДП, ДОМ и другите коалициски партнери и сметам дека овие последици се резултат на таквите поданички политики кои што ги донесоа со 64 пратеници во декември 2018 година.

Се надевам дека министерот Османи ќе има доблест во најмала рака да си поднесе оставка за ваквата провокација која се случи со негово знаење – кажа Милошоски.

Најнови вести