четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Владата се однесува со Уставот како дневен ред на совет на станари, овој пратенички состав нема мандат да решава за уцените на Бугарија

Милошоски: Владата се однесува со Уставот како дневен ред на совет на станари, овој пратенички состав нема мандат да решава за уцените на Бугарија

Уставот да не биде третиран како би рекол дневен ред на совет на станари. Сепак е многу побитен правен акт кој што ја демонстрира сувереноста на една држава, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5.

Милошоски истакна дека најголема дилема е дали внесувањето на Бугарите во македонскиот устав е последна уцена и барања од страна на Бугарија.

Најголемата дилема е следна дали оваа уцена или барања од страна на Бугарија е последна и нема да има вакви блокади или доколку се исполни ова барање, од Бугарија ќе следуваат 9 или 10 вакви барања или уцени. Тоа треба да го расчистемие ние меѓу нас, бидејќи ако го направите овој чекор а ви следуваат уште 10 такви чекори и блокади во следните 10 години тогаш губи смисла правењето на овој чекор. Но ако се направи овој чекор а има верување заесничко, дома, билатерално, регионално, и во рамките на ЕУ дека потоа процесот ќе продолжи по основ на рационални Копенгхашки критериуми, тогаш можеме да имаме избори и да размислуваме за да понудиме решенија на кој начин би се менаџирал тој процес, смета тој.

Мислам дека е легитимно на граѓаните да им се даде шанса да дадат демократски легитимитет бидејќи овој собраниски состав нема легитимитет за тоа, и грешка е што во министерството во правда се формира работна група за нешто за што нема иницијална подготвеноста да помине во собранието, дециден е Милошоски.

Најнови вести