четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на просветните работници, владата сериозно да се зафати со решавање на овој проблем со цел зголемување на платите на работниците и подобар образовен систем

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на просветните работници, владата сериозно да се зафати со решавање на овој проблем со цел зголемување на платите на работниците и подобар образовен систем

При денешната посета на општина Македонска Каменица во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката за продолжување на штрајкот во училиштата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на просветните работници за правата кои им следуваат според закон и колективниот договор, и упати апел владата сериозно да се зафати со решавање на овој проблем со цел зголемување на платите на просветните работници, помотивирани наставници и подобар образовен систем во државата.

„Сметам дека она што просветните работници го бараат како право кое им следува според колективниот договор и законот заслужуваат да им се оствари. И ние даваме поддршка бидејќи ваквото барање е барање за подобрување на статусот на просветните работници, а ако имаме позадоволни и помотивирани просветни работници може да имаме и еден подобар услов за подобро образование на учениците и за подобрување на образовниот систем во земјата. Затоа ценам дека владата наместо да прави одредени притисоци или пак да ги девалвира личностите и наставниците како професија подобро е сериозно да се зафати со овој проблем со овој штрајк да намали од расходите на стоки и услуги во буџетот да намали од расходите на договори на дело и да ги зголеми платите на просветарите за да можат сите да бидат помотивирани на својата работа“, истакна Милошоски.

Најнови вести