петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски за нападот врз Дурловски: Заев и неговите насилници нема да не’ заплашат

Милошоски за нападот врз Дурловски: Заев и неговите насилници нема да не’ заплашат

Антонио Милошоски од ВМРО-ДШМНЕ на денешната прес-конференција даде свој коментар по синоќешниот инцидент во кој советникот на Зоран Заев од владата извршил вербален напад и закани кон носителот на листата во ИЕ5 Игор Дурловски.

-Јас разговарав вчера со колегата Игор Дурловски, тој беше видно вознемирен од тоа што му се случило и тој уредно го пријавил овој настан. Нашиот коментар е следен: Господине Заев, Вашата нервоза може да си ја зачувате за Вас лично, знаеме дека се плашите од пораз, но вашите насилници и советници не ги користете за да се закануваат на нашите кандидати за пратеници. Нема да ги заплашите, само покажувате како ги злоупотребувате вашите ресурси, на кој начин сметате и сакате да учествувате на изборите, но истовремено не’ мотивирате уште повеќе вашиот пораз да биде посилен. Господинот Игор Дурловски за ваквиот немил настан и инцидент, направен од лице блиско до Зоран Заев и негов личен советник, ќе ги извести релевантните фактори на меѓународната заедница тука во Република Македонија, истакна Милошоски.

Најнови вести