сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Заев лаже дека „независните“ го снимиле разговорот. КОЈ ЛАЖЕ ТОЈ И КРАДЕ!

Милошоски: Заев лаже дека „независните“ го снимиле разговорот. КОЈ ЛАЖЕ ТОЈ И КРАДЕ!

Антонио Милошоски од ВМРО – ДПМНЕ посочи дека Заев лаже дека аудио снимката во која поранешниот премиер експлицитно признава дека се мешал во носењето на судските и обвинителските одлуки, ја снимил некој од пратениците со кои често се среќавал во владата.

„Овој заклучок може да се извлече од доставениот транскрип од укажувачот, во кој е наведено дека разговорот се случува во присуство на З.З., едно лице опфатено со случајот “Рекет” и едно н.н. лице, во текот на Мај 2019 година“, пишува Милошоски на Фејсбук:

„Кој лаже, тој и краде!

По однос на аудио снимката во која поранешниот премиер експлицитно признава дека се мешал во носењето на судските и обвинителските одлуки, Заев лаже дека истата ја снимил некој од пратениците со кои често се среќавал во владата.

Овој заклучок може да се извлече од доставениот трснскрип од укажувачот, во кој е наведено дека разговорот се случува во присуство на З.З., едно лице опфатено со случајот “Рекет” и едно н.н. лице, во текот на Мај 2019 година.

Но, доколку владата и/или обвинителството имаат воља да се дознае дали Заев лаже или не, тоа е многу едноставно. Владата и влезот во премиерскиот кабинет, заради безбедносни причини, се под постојан видео надзор и не е воопшто тешко да се провери кои биле гостите на Заев во текот на Мај 2019-та. Но, изгледа дека Заев нешто крие, а тој најдобро знае што крие и зошто лаже!, пишува Милошоски.

 

Најнови вести