понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Здравев знае дека е подобар кандидат за уставен судија од Кацарска

Милошоски: Здравев знае дека е подобар кандидат за уставен судија од Кацарска

Зошто претседателот на Републичкиот судски совет, Киро Здравев кој е предлагач во имае на РСС не одбои барем пет минути да не удостои за квалитетите на предложениот судија за Устаен суд, Добрила Кацарска, праша на дебатата на собраниската седница за предлог на уставен судија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Според него Здравев добро знае дека тој е 10 пати подобар кандидат од Добрила Кацарска.

-Здравев завршил Правен факултет, станал судија во Основен суд во Штип, градел искуство на судски предмети, бил во Апелација, па во Врховен , а бил вклучен и во Академијата на судии за пренесување на знаење на идните судии и обвинители, рече пратеникот Милошоски.

Милошоски посочи дека парламентот и јавноста се потценети.

-Не добивме ни 5 минути образложение за тоа која е личноста што се предлага за уставен судија. Во Уставниот суд според сознанија само една личност во таа институција е послаба и доаѓа како партиско решение, сите останати се подобри од предлогот Кацарска да биде судија, рече Милошоски.

Најнови вести