Во официјална посета во Министерството за одбрана денеска ќе престојува министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка.
Како што соопштија од МО, по церемонијата за пречек пред Министерството, предвидена е тет-а-тет средбата на министерките Радмила Шекеринска и Олта Џачка, како и средба на двете делегации.
Министерките ќе имаат средба и со премиерот Зоран Заев по која ќе дадат изјави за медиумите во медија центарот во Владата.
Министерката за одбрана на Албанија, Џачка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.