Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе одржи работна средба на тема „Превенција од насилниот екстремизам“ со претставници на невладини организации и Националниот комитет за превенција од насилен екстремизам.
На средбата ќе стане збор и за мониторингот на спроведувањето на референдумот, улогата на МВР и можностите за соработка со граѓанското општество во превенција од насилниот екстремизам и говорот на омраза.