петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерот за правда на Милошевиќ бара одложување на изборите: Креаторот на законот кој го предлага СДСМ наместо со правото, се занимаваше со политиката

Министерот за правда на Милошевиќ бара одложување на изборите: Креаторот на законот кој го предлага СДСМ наместо со правото, се занимаваше со политиката

Поранешниот министер за правда на Слободан Милошевиќ, Владо Камбовски кој е еден од креаторите на законот за Јавно обвинителство кој го предлага СДСМ ја злоупотреби Собраниската говорница на денешната комисиска расправа за политички говор, наместо со правни аргументи истиот да го одбрани.

Тој отиде дотаму, па дури побара и одложување на изборите за да се донесе законот кој тој работел да се состави. Камбовски држеше предавање за тоа што барала меѓународната задница од Македонија и не се откажува од идејата за Специјално јавно обвинителство во нашата држава.

-Целата меѓународна заедница бара тешките злоупотреби на власта, криминалот од висок профил, корупцијата итн. да бидат опсервирани од страна на специјални јавно обвинителски тела, специјални јавни обвинителства ги имаме низ целото наше опкружување, рече тој.

Според него, државата не се грижи премногу за капацитетите на јавното обвинителство со кое раководи Јовески.

-Без да го реформираме јавното обвинителство, без да го опремиме, без да го обучиме, без да го специјализираме, му дадовме огромна надлежност, му дадовме огормен товар кој што не можеше да го поднесе и како што гледаме и ден денес потклекнува. Јовески не спомена дека тоа работи со недостаток од 80 јавни обвинители за кој државата не се грижи многу да го пополни, што пак говори каков е односот кон јавното обвинителство, истакна тој.

Најнови вести