Министерство за транспорт и врски има овјавено оглас на системот за јавни баванки во кој ќе нарачува завеси. Имено, во огласот во делот предмет на на договорот стои набавка на вариолајт завеси додека во делот на проценета вредност стои сумата 300.000 денари.
Експертите велат дека непродуктивните трошења на министерствата се недозвиливи во време на економска криза и на енормни задолжувања. Критичарите коментираат дека власта и оние кои ги водат институциите воопшто сериозно и одговорно не се однесуваат со парите на граѓаните.
Ова не е прв пат институциите и министерства да трошат пари за луксузирање и несовесно и недомаќински да се однесувааат со средставата кои ги имаат на располагање. Експертската јавност вели дека ваквото несовесно однесување со парите на граѓаните не остава добар впечаток ниту кај граѓаните ниту во јавноста.
Власта во повеќе наврати ветуваше дека ќе нема непотребни трошење се со цел државата да не се задолжува дополнително но тоа не е случај. Досега во јавноста излегоа огромен број на скандали за непродуктивни трошоци кои ги прават токму министерствата и институциите.