Министерството за правда ги демантираше објавите во дел од домашните медиуми со наслов „Дескоска потврди, АСНОМ ќе се брише од Преамбулата на Уставот“. Отааму велат дека Министерката за правда Рената Дескоска, во ниту еден момент од денешната изјава за медиумите не споменува за бришење на АСНОМ од Преамбулата на Уставот.
– Таква или слична изјава министерката за правда Рената Дескоска нема дадено, појаснуваат од минисерството.