петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар

Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар

Министерството за здравство соопшти дека во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, денеска спроведе акција за чистење и разубавување на Клиничкиот центар.

Дополнително, како што се наведува во соопштението, во викенд-акцијата со свои работници се приклучија и општина Карпош и општина Гази Баба.

Во акцијата целосно се искосени тревниците, уредени зелените површини и поткастрени дрвјата од страна на ЈП „Паркови и зеленило“. Од страна на работниците во „Комунална хигиена“ – Скопје, општина Карпош и општина Гази Баба, комплетно во целиот комплекс на Клинички Центар се исчистени улиците и се собра ѓубрето.

ЈП „Улици и патишта“ асфалтираа цели кракови и ги пополнија најкритичните дупки на улиците.

Министерството за здравство најави дека викенд-акциите ќе продолжат и во следниот период до целосно системско решавање на проблемот со хигиената во Клинички центар „Мајка Тереза“.

Најнови вести