недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министрите на ДУИ го игнорираат празникот 24 Мај

Министрите на ДУИ го игнорираат празникот 24 Мај

Министрите за надворешни работи Бујар Османи, за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, го игнорираат Денот на македонските и сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Министрите од редовите на ДУИ Османи, Бесими, Бектеши, Нуредини, не испратија честитка по повод празникот 24 Мај, ниту пак објавија статус на социјалните мрежи, на кои инаку се многу активни.

Честитка упати само спикерот Талат Џафери од свое име и од име на пратениците во македонското Собрание.

-Работата и делата на светите браќа Кирил и Методиј се сметаат за придонес од огромно значење за светската наука и култура. Нивните дела во кои е вложен многу труд, љубов и посветеност ја надминуваат рамката на време и простор и имаат вековна значајност. Писменоста, јазикот, знаењето, науката и вредноста на зборот се работи кои се од непроценлива вредност, како за еден народ така и за секоја индивидуа. Нивното наследство не се само нивните дела и работа туку и воспоставените вредностите според кои живееле и кои ги оставиле. Ви посакувам мудро и со почит кон нивниот лик и дело да го негувате тоа наследство, порачува Џафери во честитката.

Најнови вести