Поранешниот министер за финансии и поранешен директор на УЈП, Кирил Миноски во вечерашната емисија „Клик Плус“ на Тв21 истакна дека месец дена пред да почне економската криза, од Владата не убедуваа и смируваа дека економската состојба во државава е сјајна и дека и дека буџетот ни е во одлична кондиција, за сега да видиме дека државната каса всушност е празна.
-Очигледно е дека државната каса е празна, и покрај претходните изјави кои што ги имавме пред извесно време дека имаме ликвиден буџет и дека економска состојба е сјајна. Ние сега доаѓаме во ситуација, после две-три недели од тие изјави на највисоко ниво дека имаме сетозни проблеми со ликвидноста на државниот буџет, при што се лицитира со различни изјави во однос на големината на дефицитот кој што во почетокот се споменуваше дека би изнесувал 800 милиони евра, потоа се споменуваа милиарда и 500 милиони евра, па три милиарди, рече Миноски.
Тој истакна дека од сето ова покажува дека економската состојба не само што не била сјајна туку дека ние, како држава, имаме сериозен проблем во поглег на ликвидноста на буџетот и прашање е дали ќе има финансиски средства и за овие сет на мерки, кое барем декларативно, се донесоа за спас на економија.
-Сето тоа покажува дека, во суштина економската состојба не била толку сјајна, дека ние имаме сериозни проблеми во поглед на ликвидноста на буџетот, и клучното прашање кај овие мерки е не само дали тие ќе бидат декларативно донесени, туку прашањето е дали за тие мерки постојат соодветни парични средства и какви се бариери се искреирани во поглед на можностите за користење на тие мерки, истакна Миноски.