петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Миноски: Не е точно дека со прогресивниот данок ќе се намали нееднаквоста

Миноски: Не е точно дека со прогресивниот данок ќе се намали нееднаквоста

Кога зборуваме за даночни реформи, тука мораме да направиме разлика помеѓу левицата и десницата, не само кај нас, туку генерално во Европа. Оние политики кои што веруваат десничарите се базирани на ниски даноци затоа што економската филозофија која што се следи е филозофија дека ниските даноци и рамните даноци обезбедуваат едноставност во пресметката, тие се фер од проста причина што оданочувањето на сите даночни субјекти се врши со еднаков процент, што не значи еднаков во апсолутен износ и тие обезбедуваат економски раст, воедно го ограничуваат и просторот за политички манипулации, кажа Кирил Миноски поранешен министер за финансии во емисијата „Економски магазин“, во однос која е разликата помеѓу персоналното и рамното оданочување.

Тој додаде дека и покрај тоа што прогресивниот данок се смета дека ќе обезбеди повеќе пари во државната каса, искуството во Република Македонија го покажало сосема спротивното.

-Со воведувањето на рамниот данок во Република Македонија покажа дека беа обезбедени поголеми приходи во државната каса во однос на периодот кога имавме еден вид на прогресивно оданочување. Вториот аргумент е дека  Џини индекс кој што ја мери нееднаквоста покажува намалување на периодот 2010 – 2016 година во Република Македонија и тој е помал во однос на 2006-2007 година.  Значи не е точен аргументот дека со прогресивниот данок ќе се намали нееднаквоста, потенцираше Миноски.

Миноски истакна дека во период кога имало рамен данок имало многу поголеми инвестиции во здравството и образованието. Како што рече Миновски постојат анализи дека рамниот данок е фер данок за граѓаните.

Тој додаде дека доколку оваа влада на СДСМ прави споредба со оданочување со Данска и Шведска мора најпрво да се земе во предвид нивото на економски развој, висината а БДП по глава на жител, трета работа квалитетот на услугите која ја нуди администрацијата.

-Гледаме дека непостоењето на јасен концепт во однос на тоа каква даночна реформа ќе се спроведе доведува до една неизвесност и несигурност и кај домашните и кај странските инвеститори, меѓутоа и кај граѓаните на Република Македонија. Таквата неизвесност и несигурност кај странските инвеститори кај они кои што сакаат да дојдат и да отвораат нови бизниси во Македонија значи одлагање на нивната деловна одлука дали воопшто да дојдат во земјата или не, додаде тој.

Миноски го објасни документот 2020-2025 каде што се тангира токму прашањето на прогресивни даноци.

Тој рече дека од 100 проценти од испитаниците во анкетата кажале дека бројот на вработени ќе остане на исто ниво или ќе биде намален, дека 88 проценти од странските инвестиции нема да размислуваат да го прошират бизнисот во Република Македонија и воедно истакна дека голем процент на испитаниците сметале дека ќе се зголеми даночната евазија.

Најнови вести