Мириса ли случајот со украинецот Олександр Онишченко дека некои пари завршиле во нечиј џеб?
На ова прашање во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Сите тие информации, и не само информации туку и утврдени факти сигурно дека ги има раководството на АНБ и тие се тие што ќе ни ги соопштат на сите нас во однос на тоа како, што, зошто е направена, и на тој начин ќе се утврди и одговорноста“, вели Спасовски.