Мирослав Грчев, архитект и советник во Министерството за култура, но и на премиерот Зоран Заев, во периодот од април 2017 до октомври 2019 година, односно за две и половина години, од Министерството за култура и од Владата добил исплати на вкупна сума од 17 илјади евра, покажува документот кој го објави Фактор.
Исплатите почнале од 12 април 2017 година, кога нему во истиот ден му биле извршени исплато од 12 и 20 илјади денари, а потоа продолжуваат во текот на наредниот период.
Сумите се движат меѓу 10 илјади и 40 илјади денари по исплата. Обично исплатите се два пати месечно ако се поголеми, а доколку се помали износи, регистрирани се исплати во повеќе наврати во текот на месецот.