Поранешниот претседател на Советот на општина Центар од СДСМ, Мирослав Шиповиќ реагираше на земањето на криминални грантови на неговите сопартијци од Фондот за иновации.
Шиповиќ се приклучи на барањата за одговорност, откако излегоа информациите дека голем број на фирми во сопственост на функционери на СДСМ и власта како и на нивни роднини добија илјадници евра од Фондот.
Ваквите реакции следат откако фирми на Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, синот на Цветанка Ласкова, Бранко Геровски и уште неколку фирми на луѓе блиски до СДСМ добија грантови стотици илјади евра државни пари.
– Значи најмладиот доктор по анкетен лист 20 милиони евра тежи, скоро инкасира 4 или 5 милиони евра од продажба на компанија. Па до 160.000 евра ти дојде. Сега со право може да се чудат како ги стекна парите, вели Шиповиќ во еден од неговите Фјесбук статуси алудирајќи на вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Тој посочува дека добростоечки бизнисмени е срамота да користат државни субвенции бидејќи истите треба да се за сите кои немаат можност да дојдат до средства и посочува дека на таквите бизнисмени не им е местото во политика.
-Иноваториве запнале за истрага, АБЕ ЕТИКА е во прашање, а и законот за и огласот кој не спречува инсајдерство. ИНСАЈДЕРСТВОТО што не се спречува е најголемото промаршување, нагласува Шиповиќ.
Шиповиќ се приклучи на реакцијата на неговиот сопартиец и поранешен потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски кој напиша дека на обични наградни игри забрането им е на вработените и семејствата да учествуваат, а не пак на тендери за грантови од иладници евра државни пари!