петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Чаирчани не смее повеќе да бидат граѓани од втор ред во сопствената држава и ние ќе се бориме за тоа

Мисајловски: Чаирчани не смее повеќе да бидат граѓани од втор ред во сопствената држава и ние ќе се бориме за тоа

Денеска сме во Чаир на преубава средба со чаирчани. На средбата присуствуваа Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер на Република Македонија г. Христијан Мицкоски, кандидатите за пратеници во ИЕ2 Емилија Ангелова и Искра Крстевска, како и коалиционите партнери.

Се обративме пред овие преубави луѓе кои се синоним за Скопје. Чаир е душата на Скопје и затоа вреди да се работи за подобар живот на граѓаните во општината. Иако долги години ВМРО-ДПМНЕ ја нема локалната власт во Чаир, сепак овој пат, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира наредната влада на Република Македонија, се обврзуваме на обновување на Чаир. Чаирчани не смее повеќе да бидат граѓани од втор ред во сопствената држава и ние ќе се бориме за тоа.

Обновата ќе пристигне насекаде!

Се обврзуваме!

#ОбноватаДоаѓа

Најнови вести