сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Граѓаните се жалат, власта ги заборавила, велат дека на Македонија и е потребна обнова

Мисајловски: Граѓаните се жалат, власта ги заборавила, велат дека на Македонија и е потребна обнова

Во текот на денот заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски ги посетивме жителите на населеното место Стајковци. Луѓето велат дека во изминатите речиси четири години не дочекале да започне ниту еден проект.

Сведочат на лажни ветувања, манипулации и купи ден – продај политика. Велат дека овие луѓе мора да си заминат од власт, бидејќи државата од ден во ден се повеќе тоне.

Се согласивме дека е потребна обнова и сите заедно ќе се избориме таа да дојде на 15-ти јули, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе ја формира новата Влада на Република Македонија.

Обновата доаѓа!
#ИсправиСеМакедонијо

Најнови вести