среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски на увид кај пругата во Куманово која СДСМ ја опустоши! (ФОТО)

Мисајловски на увид кај пругата во Куманово која СДСМ  ја опустоши! (ФОТО)

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2, Владо Мисајловски денес беше во посета на Куманово, заедно со претседателот на ОК Куманово и кандидат за пратеник Бране Петрушевски.

Тој направи увид на пругата која требаше да се гради, но поради непосветеноста и непрофесионалноста на СДСМ, остана опустошена.

Имено, Германците се откажаа од изградба на пругата Куманово-Бељаковце. Од Македонски Железници Инфраструктура потврдија дека од компанијата Вибе, задолжена за изведба на тој проект, на 29 мај добиле известување дека го раскинуваат договорот, а со тоа официјално ја запреле изградбата на пругата.

Во меѓувреме, околу 50 работници ангажирани за германски Вибе преку Агенција која посредува за вработување, останаа без работа.

Патот кон Шупљи Камен е целиот разрушен. Пругата која требаше да се гради пропадна, а жителите од овој дел секојдневно мора да поминуваат низ овие рушевини каде ги оштетуваат сопствените возила.

Најнови вести