недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Населението во Брњарци е расположено за победа во пресрет на парламентарните избори на 15-ти јули

Мисајловски: Населението во Брњарци е расположено за победа во пресрет на парламентарните избори на 15-ти јули

Ја посетив црквата “Св. Петар и Павле” во населеното место Брњарци, општина Гази Баба, каде што заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со жителите.

Населението во Брњарци е расположено за победа во пресрет на парламентарните избори на 15-ти јули. Велат дека силно ја посакуваат победата, за Република Македонија повторно да се развива и да оди напред гордо и исправено. Не сакаат веќе да бидат жртва на понижување и омаловажување.

Се согласивме дека ќе бидеме сојузници во борбата за обнова на Македонија и таа мора да се случи што поскоро. На 15-ти јули народот ќе им пресуди на СДСМ и Заев и ќе ги испрати во историјата. Доаѓа #ОбноватаНаМакедонија! ??

Брњарци одбира Обнова на Македонија!
#ОдбериОбнова #ИсправиСеМакедонијо

Најнови вести