понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Поради суетата на Спасовски , народот во Куманово се чувствува дека е оставен сам на себе!

Мисајловски: Поради суетата на Спасовски , народот во Куманово се чувствува дека е оставен сам на себе!

Од стартот на борбата против овој вирус, без разлика на скапата и гломазна ПР машинерија на владата, преовладува еден факт: СПОРА РЕАКЦИЈА и “купи ден – продај” политика, реагира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Спасовски апелираше до граѓаните да не се групираат и да одржуваат социјална дистанца, а заборави на нивната партиска компир донација со што ги изложија граѓаните на дополнително ширење на вирусот.

И да биде лицемерието уште поголемо, да апелираше навремено за почитување на социјалната дистанца и навремено да ги информираше граѓаните за полицискиот час минатиот викенд, наместо неколку часа пред започнување на истиот, кога немајќи избор истите мораа да тргнат во набавки, можеби немаше до оваа мера да ескалира пандемијата.

Во моментот додека говори Спасовски компир донациите сеуште се активни, без почитување на препораките од здравствените работници.

Или кога се работи за членови и за поени на СДСМ се е возможно ?

Недели наназад локалниот кризен штаб во Куманово бара рестриктивни мерки, кој град е најпогоден во целата држава, а персоналот е жестоко десеткуван, додека Оливер Спасовски денеска вели дека нема потреба од воведување на дополнителни рестриктивни мерки !

Токму поради суетата на Спасовски и внатрепартиските битки на власта во Куманово, народот се чувствува дека е оставен сам на себе!

Луѓе фатете се за работа!

Вашиот раштиман оркестар со живот го плаќаат граѓаните.

Заборавете на борбите во партијата и борбите на суетите, изградете се над ситуацијата.

Секој час е од круцијално значење !

Освестете се!, повикува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Од стартот на борбата против овој вирус, без разлика на скапата и гломазна ПР машинерија на владата, преовладува еден…

Gepostet von Vlado Misajlovski am Mittwoch, 15. April 2020

 

Најнови вести