вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Сакам секој Македонец да се попише, да излезе гласно и да каже дека е Македонец, ние не се срамиме од тоа!

Мисајловски: Сакам секој Македонец да се попише, да излезе гласно и да каже дека е Македонец, ние не се срамиме од тоа!

Поминува времето, за неколку дена ќе почне пописот, државата не е спремна. Мислам дека, лично мое мислење е дека овој попис ќе биде големо фијаско, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за МРТ.

– Дали треба народот да се попише, дали ние ќе го повикуваме членството, еве јас лично можам да кажам за себе со се ова што се случи изминативе години каде што Македонецот е во подредена улога, каде што идентитетот ни е намален, јас со гордост ќе се попишам Македонец. И сакам секој Македонец да се попише, да излезе гласно да каже дека е Македонец. Ние не се срамиме од тоа, мене ми е гордост што сум и се разбира тоа ќе го кажам јавно и гласно и ќе се попишам како Македонец и целата моја фамилија, појасни тој.

Целосното интервју за МРТ на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски може да го погледнете ТУКА.

Најнови вести