вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски за случајот Онкологија: Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува

Мисајловски за случајот Онкологија: Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори,  бидејќи нема разршница на ова што се случува

Граѓаните се разочарани и не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува, истакна вечерва во своето гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Владо Мисајловски.

-Јас сум работел во повеќе институции, ако имате во договор да набавитенекој лек што и да е, иако во договорот стои дека рокот на испораката е пет илидесет дена, вие лекот мора да го набавите за пет или десет дена. Одговорните лица во институција мора да го набават и да го примат. Ај што фалеле лекови,ај што тоа не се случило, ај што никој не пријави, туку тие фирми никогаш не биле ставени на црна листа, си има постапка како се прави тоа, а тоа се случува со тендерите одноно со јаните набавки, рече Мисајловски.

Мисајловски меѓудругото додаде дека граѓаните се исплашени и разочарани, и дека не веруваат во чесните и искрени доктори, бидејќи нема разршница на ова што се случува во Онкологија.

-Повторно прашувам, дали има поврзаност КЗ, дали има поврзаност некој да се штити себеси и дали овде има „канцер мафија“, за жал како што кажа и претседателот денеска гледаме диво месо, гледаме разочарани граѓани, не вреуваат и да одат кој оние чесни и искрени доктори, кои навистина се трудатд да препишат најдобра терапија и слично, бидејќи нема разршница на ова што се случува, дециден е Мисајловски.

Мисајловски во однос со скандалот на Онкологија истакна дека сето она што се случувало на Онкологија се знаело а обвинителството молчи и нема обвинителен акт и чудно е што таму постои компанија која што има монопол и е во директен дослух со власта.

-Навистина се чудам јас и целиот македонски народ како може толку долго време да нема случај да нема обвинителен акт ви текнува како за еден ден се правеа решенија притвори за нарачани прогони а сега имаме еден од најголемите случаеви во македонското здравство, случај кој ние го нарекуваме канцер мафија бидејќи навистина се тргувало со луѓе, со човечки судбини да нема истрага, некоја предистрага има. Но многу е сомнително што години наназад се знаело за сето ова. Еве денеска имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прес каде што кажа фрапантни податоци поготово што се се правело последните две години зборуваме за периодот од 1 август 2021 до 2023 август каде што фондот за здравство веќе прави истрага каде што може да се види дека се се знаело, дека тие сите проблеми сега се на површина тие постоеле. Проблемот е што никој ништо не презел, нагласи Мисајловски.

Мисајловски посочи сето она што се случувало на Онкологија е поради пари и тендери, а за сето ова јавното обвинителство молчи.

-Како е можно некоја компанија да има монопол. Тоа е прво и основно. Има компании што се монопол таму и се заедно со власта во сето ова. Иако постојано слушаме од власта дека се работи за некој период многу одамна. Сега се докажува со своите документи со своите институции дека меѓу себе тие како инспекциски надзор имаат се на хартија што е погрешно и што треба да се преземе. Најголемиот проблем зошто ја спомнав оваа веледрогерија и тие околу нив паразити бидејќи тие се во директен дослух со владата и затоа не е преземено ништо. Ова што се случувало е за пусти пари и јавни набавки. Ако направите една анализа, зошто се донесе кривичниот законик и зошто во овој случај можеби случајно во тој кривичен законик се тргна оној спорен член за јавни набавки. Дали има нешто можеби сомнително овде, дали тие јавни набавки се проблем, и најголемиот проблем е што замислете јавното обвинителство молчи, посочи Мисајловски.

Најнови вести