четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мистеријата продолжува: Владата не открива што донесе авионот од Виена?

Мистеријата продолжува: Владата не открива што донесе авионот од Виена?

Поминаа 24 часа од објавата на “Лидер”, а Владата се уште не открива што донел фамозниот авион од Австрија на 19-ти месецов? Имено, на затворениот аеродром Скопје на 19 март „мистериозно“ слетал авион од Виена – дознава „Лидер“. И покрај тоа што авионот слетал на аеродромот кој во тој момент беше затворен поради мерките на владата против корона вирусот, никој не открива што тој носел и каде завршило тоа што е донесено, пишува ЛИДЕР.

Податоците од меѓународното следење на летови до кои ексклузивно стигна „Лидер“ покажуваат дека авион од моделот „SAAB 340A“ на унгарската компанија „FLEET AIR INTERNATIONAL“, во 12:45 минути од Виена тргнал кон скопскиот аеродром, а овде стигнал во 14:55 минути.

Овој „мистериозен“ авион на аеродромот во Скопје се задржал 35 минути, по што во 15:55 минути по локално време се упатил кон Загреб.

Целата вест прочитајте ја на ЛИДЕР

 

Најнови вести