среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митески: Додека сите првачиња се радуваа на првото училишно ѕвонче, Марин и Царовска им ја укинаа радоста на дечињата од ОУ „Димитар Македонски“

Митески: Додека сите првачиња се радуваа на првото училишно ѕвонче, Марин и Царовска им ја укинаа радоста на дечињата од ОУ „Димитар Македонски“

За жал, срамот е на Златко Марин и Мила Царовска.
Додека во цела Македонија првачињата се израдуваа на првото училишно ѕвонче, дечињата од ОУ “Димитар Македонски” во Населба Лисиче немаа таква можност.
После 5 години од почнување со изградба, после сите лаги искажани од градоначалникот и министерката за образоввание, единствено “успешно” им ја укинаа радоста на стотина дечиња, кои овој ден требаше да го паметат цел живот.
Нема зборови кои можат да ја опишат оваа неспособност наречена СДСМ.
Искрено жалам за секоја изгубена детска насмевка поради неспособноста на “владетелите”.
Овде не станува збор за политика, овде станува збор за тажна слика која ќе ја паметат долги години една цела генерација на дечиња и родители.
Жално и срамно.

Фејсбук статус на Дејан Митески

Најнови вести