сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митески: Марин направи бетонизација, 220 илјади квадратни метри станбени згради, а загаденоста на воздухот е рекордно висока

Митески: Марин направи бетонизација, 220 илјади квадратни метри станбени згради, а загаденоста на воздухот е рекордно висока

Во однос на загадувањето иако најавите од властите беа дека во Аеродром ќе се променат состојбите со воздухот, ништо не се промени, а Аеродром во континуитет руши рекорди во однос на загадувањето, а повеќе фактори се вклучени во енормното загадување, вели Дејан Митески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, во Алфа телевизија, во „Што не е јасно“.

Тој истакна дека имал прилика денеска да ја прочита сторијата од Светска банка, објавена на Еуроњуз и бројките од истата се застрашувачки, со повеќе од илјада луѓе прерано починати од загадувањето, но и огромен број на заболувања пред се срцеви заболувања како последица на загадувањето,што говори дека треба да се бара сериозно решение за овој проблем.

СДСМ во предизборната кампања особено Златко Марин и Зоран Заев стнаа познати по онаа изјава „Аеро, Аеро Аеродром“, којашто денеска служи за потсмев од страна на аеродромци, а тие ветуваа дека со самата промена на власта ќе се исчисти воздухот, нотоа граѓаните не го гледаат, а треба многу да се работи за да се реши истото, истакна Митески.

Митески вели исто така дека власта продолжи со енормното градење особено во општина Аеродром, а бројките од ДЗС говорат дека за време на мандатот на Златко Марин биле дадени одобренија за 4,000 станови и 220 илјади метри квадратни изградена површина само во Аеродром, а 4,000 станови се исто како еден помал град од Источна Македонија, како и самото градење кое предизвикува за зголемување на честичките од прашина во воздухот и поголемо загадување на воздухот, објасни Митевски.

Најнови вести