Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека 2020 година одамна минала, но лагите на Златко Марин останаа.
-2020 година одамна помина, а лагите останаа.
На средина од 2021 година, нова амбуланта во Населба Лисиче НЕМА.
Повторно фатени во лага, Златко Марин и Венко Филипче, со ЌЕ ветување најавуваат нова амбуланта, ама не знаат кога.
На пратеничко прашање поставено од Синиша Стојаноски, Венко вика дека проектот почнал.
Би дополнил, Венко да отиде во Лисиче и да ја види амбулантата.
Треба да му е срам што една таква руина се нарекува амбуланта, а жал што илјадници жители на Лисиче се приморани да користат здравствени услуги во таков објект.
СДСМ и нивните функционери се луѓе без образ. За нив ветувањето не важи.
Уште 4 месеци остануваат и ќе дојде крајот на најнеспособната локална самоуправа предводена од СДСМ и Марин, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Аеродром ќе го казни СДСМ за сите лаги и неоствсрени ветувања.