Согласно информациите со кои што располагаме законот се уште не е стигнат во собраниска процедура и добро е да има јавна дебата за истото и да се слушнат сите засегнати страни. Но, исто така морам да истакнам дека согласно она што го видовме на ЕНЕР образложението е дека со овие реформи власта сака да постигне деполитизација на јавната администрација, но морам да кажам дека мора добро да се погледне законот, станува збор за политизација, а не за деполизитизацијa, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој е коментарот во однос на реформите во законот за административни службеници на денешната прес конференција.
Митева додаде дека деполитизација на администрацијата се прави со почитување на мерит системот и вреднување на вработените, а не како до сега по партиска определба што тоа го прави власта.
-Доколку една ваква реформа за скратено работно време не значи ништо за деполитизација, бидејќи деполитизација се стекнува со вреднување на вработените, и со вработување по мерит систем, а не по партиска определба како тоа што го прави власта. Но уште еднаш ќе истакнам да почекам законот да влезе во собраниска процедура и да ја слушнеме дебата по истиот, вели Митева.