Денеска се собравме тука во индустриската зона “Чојлија” која што е најголема индустриска зона во Македонија, со вкупна површина од 230 хектари. Повод за денешново мое обраќање е големиот исчекор што го направи Општина Петровец, а тоа е што само пред три дена Општината стана побогата за уште 17 нови инвеститори. Јас сум горд на трудот што го вложивме изминатиот период за да ја прошириме зоната за уште 30 хектари и денес сме сведоци дека тоа вроди со плод, изјави денеска за медиумите градоначалникот на Петровец, Борче Митевски.
– Ги повикувам сите инвеститори кои учествуваа на електронското наддавање, а немаа можност да купат парцели, во текот на вчерашниот ден објавивме уште една електронска аукција каде што ќе имаме објавено четири парцели, па нека дојдат нека учествуваат и тие да ни бидат инвеститори во Општина Петровец. Јас сум горд што Општината Петровец е меѓу водечките општини во Република Македонија по влезот на странски и домашни инвестиции и прва по интерес на инвестирање во зоната “Чојлија”, посочи тој.