петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: СДСМ како многу пати и сега покажа дека немаат капацитет и потенцијал да ги исполнат ниту нивните ветувања

Митовска: СДСМ како многу пати и сега покажа дека немаат капацитет и потенцијал да ги исполнат ниту нивните ветувања

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, се обрати и пратеничката Слаѓана Митовска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека СДСМ откако е на власт, денес за прв пат дискутира за покачување на плати и тоа е срамота.

-И уште еднаш СДСМ докажа дека нема капацитет да исполни едно ветување. Законот се носи по брза постапка бидејќи СДСМ како многу пати досега и сега покажа дека немаат капацитет и потенцијал да ги исполнат ниту нивните ветувања, нагласи Митовска.

Митовска образложи дека не ги исполнија ниту предвидените ветувања кои ги дадоа пред и за време на предизборието, а кога дојдоа на власт се заборави на нив.

-Две години сте на власт, а денеска за првпат зборуваме за покачување на плати. Вчера имавме протест со кој беше блокиран цел град. Вакво незадоволство имаме во сите сектори. Предлагаме зголемувањето на платата да биде 10 проценти. Верувам како одговорни личности, сите ние ќе се залагаме за зголемување на 10 посто, истакна Митовска.

Најнови вести