среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска со порака до Царовска: Место да се грижите само за добивање за тендери на вашиот партнер, добро е да почнете реално да се грижите и за пензионерите

Митовска со порака до Царовска: Место да се грижите само за добивање за тендери на вашиот партнер, добро е да почнете реално да се грижите и за пензионерите

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска на денешната собраниска седница истакна дека министерката за труд и социјална политика Мила Царовска продолжува да ја користи секоја можност за личната афирмација, без приотоа да даде реални одговори на прашањата коишто и биле упатени.

-Почитувани министерке, место да се грижите само за добивање за тендери на вашиот партнер, добро е да почнете реално да се грижите и за пензионерите и за корисниците на социјална парична помош и на други видови на парични надоместоци, порача пратеничката Митовска. Таа додаде дека кога станува збор за последните измени во законот, министерката не кажува пред јавноста дека со измените кои се направени е намален коефициентот за пресметка од 1,61 на 1,54 за 2019 година и 1,47 за 2020 година.

-Ако вие навистина се грижите за нас како идни пензионери, треба да ми дадете одговор, зошто направивте измени и на овој начин не допринесовте да имаме повисоки пензии во иднина, туку напротив ќе имаме пониски пензии, вели Митовска. Пратеничката Митовска рече дека ако остане вака предлог законот во иднина сите коишто ќе се пензионираат ќе имаат многу пониски пензии.

Најнови вести