вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: ВМРО-ДПМЕ бара измени во законот за пензиско-инвалидско осигурување кои ќе бидат многу значајни за над 300.000 пензионери

Митовска: ВМРО-ДПМЕ бара измени во законот за пензиско-инвалидско осигурување кои ќе бидат многу значајни за над 300.000 пензионери

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Слаѓана Митовска на денешната комисија за труд и социјална политика посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа предлог закон со цел измени на законот за пензинско и инвалидско осигурување и со тој предлог закон бараат мала измена во членот 1 каде во став 1 да гласи:

-Усогласување на старосната пензија да се врши според индексот на трошоците на живот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во државата во висина од 50%

Став 2 -Пензијата под став 1 на овој член се усогласува од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходно полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во државата во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи.

Став 3 -Заради примена на ставот 1 од овој член пензијата остварена во тековната година претходно се сведува во месечен износ според порастот на платите во декември претходната година во однос на просечната плата истата година.

Пратеничката Митовска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат мала измена која ќе биде многу значајна за пензиите на над 300.000 илјади пензионери.

-Ваков предлог закон имавме и во јануари 2019 кој не беше прифатен од СДСМ, го имаме и сега во октомври надевајќи се дека сега ќе бидете малку посентиментални и ќе имате поголемо разбирање кон пенионерите затоашто пред нас се предвремените парламентарни избори, па доколку го земеме во предвид начинот на којшто работите изминативе децении, свесни сме дека и сега се со цел да остварите политички поени можеби ќе имате поголемо разбирање и ќе ни дадете поддршка за овој предлог закон, укажа Митовска.

Таа во своето обраќање потсети дека во мај овој закон беше отфрленод страна на СДСМ, дека не даче поддршка.

– Сега очекувам во октовмри да се донесе овој закон се со цел да се исправди неправдата којашто владата предводена од СДСМ им ја нанесе токму на пензионерите, порача Митовска.

Најнови вести