Уредникот на Инфомакс Александар Митовски реагира по објавите на порталот А1ОН каде на свој начин ја толкуваат изјавата на Заев во новата аудио бомба која е доказ за земање на рекет.
Коментарот на Митовски го пренесуваме во продолжение:
Заев рекол „марш“, наместо „важи“…
„Колега“ Ландов, сигурно си учел дека разговорниот јазик секогаш треба да ги следи правилата на логиката, која од случај до случај може да биде алтерирана согласно сленгот на двајцата соговорници.
Ако ја преслушаш снимката повторно, „марш“ не може да претходи на „јас влегувам во таа работа“. Барем не според твојата логика.
Дури и да рекол „марш“, а јас тврдам дека е „важи“, тогаш можеме да протолкуваме дека Заев го „маршира“ Димишков, и ТОЈ ВЛЕГУВА во работата.
Зошто да ги дели 6-те милиони евра со Димишков, кога може да го измаршира и да си ги земе за себе.
Какви рекетари, ццц….