петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовски: Од врескање “лажни вести” до признавање на криминалот

Митовски: Од врескање “лажни вести” до признавање на криминалот

Од врескање “лажни вести” до признавање на криминалот кој документирано го претставив поминаа само 24 часа, пишува новинарот од Инфомакс, Александар Митовски.

Неговиот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение

„Толку траеше, 24 часа, и одлуката на Владата да забрани присуство новинари (читај. Митовски, Златев, Момировски…) а уште толку часа требаше и официјално владата да си избере свои новинари кои ќе ги користи во најновата симулација на демократија.

Отсега па натаму, прашања ќе можат да поставуваат само новинари кои Владата ќе си ги одбере од списокот на ЗНМ.

Аферим, среќа спречивме да дрпнете милион евра од народот додека е со главата во песок. Со ваква одлука само си го одложувате времето кога на виделина ќе излезе шверцот со пченица и брашно, незаконскиот извоз на маски и дезифициенти во Косово, криењето партиски функционери кои се вратиле од кризни подрачја, злоупотреби на владини ресурси…

Држ те се, славата која ја градите врз маката на народот кај и да е ќе ви се удри од глава. А ние, прашањата имаме каде да ги поставиме“.

Најнови вести