понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Митовски: Судскиот систем затвора луѓе за 100 ќебапчиња, а премерот добива ослободителна пресуда за поткуп на 200.000 евра

Митовски: Судскиот систем затвора луѓе за 100 ќебапчиња, а премерот добива ослободителна пресуда за поткуп на 200.000 евра

Сопственикот на интернет порталот „Инфомакс“ Александар Митовски на дебата на Алфа телевизија вечерва истакна дека се сомнева во судскиот систем кој затвора луѓе за 100 кебапчиња, додека премиерот на државата добива ослободителна пресуда за поткуп на 200 илјади евра пред очите на цела македонска јавност.

-Имаме ситуација кога е осуден човек за 100 кебапи, за 100 кебапчиња и две пиперки, а немаме осудителна пресуда за човек којшто бара 200 илјади евра мито. Пораката која што ви ја пуштив сега, која е пратена од премиерот на еден од бизнисмените, кога судот во Струмица го ослободува Зоран Заев за поткуп, оној случајот црквата – Вицето, -Мирчо свињарникот. За тој случај премиерот му испраќа порака на овој човек дека правдата дошла, се докажало дека тој нема вина, вели Митовски.

Тој вели дека навистина се сомнева дека некој некогаш ќе добие соодветна пресуда , освен како што вели „малиот човек“ за којшто сите сакаат да зборуваат дека ќе го штитат обичниот народ ќе го бранат и ќе му овозможат правда.

-Добиваме ситуација во која на„ малиот човек“ ќе му ја одземаат куќата лихвари на човекот од штипско, лихвари имаат повеќе права од човек којшто има семејство а се задолжил за пари коишто си ги враќал,ама не ги враќал доволно брзо, како е заштитен тој човек,а пак е заштитен тој којшто ја дал лихвата а бил полицаец, а немаме никаква истрага од каде му се парите на тој човек прашува Митовски.

Најнови вести