сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовски: Водата ја нема, езерата стоо…

Митовски: Водата ја нема, езерата стоо…

Водата ја нема, езерата стоо…Можеби е прв пат во историјата на Република Македонија во исто време сите водни површини во државата (природни или вештачки) да се на својот биолошки минимум, а дел од нив и на својот апсолутен минумум,објави новинарот Александар Митовски.

-Ако браната во Калиманци своевремено втора најголема акумулација во СФРЈ е на само 1/4 од нејзиниот капацитет може ли да замислите какви ќе бидат импликациите кога утре оризопроизводителите нема да можат да ги наводнат полињата. Вода нема да има ниту за производителите на жито, јачмен, пченка и пченица и целиот овој кумулативен ефект освен еколошка и биолошка катастрофа ќе значи економска катаклизма во државата. Зошто? Ако Македонија е неспособна сама да ги произведе основните прехрамбени продукти тоа ќе значи дека за производство на леб ќе треба да увеземе брашно што пак ќе значи дека цената на лебот ќе биде најмалку двојно поскапа. А ако цената на лебот односно основните прехрамбени продукти е најмалку два пати поскапа тоа ќе предизвика општ пораст на цените, што во превод претставува инфлација. Битно баклавата изедена, а слободичката 4.5 милиони евра. Да не беа можеби толку посветени на рекет и цената на „слободичката“ денеска можеби ќе живеевме во нормална и богата држава и немаше да се чувствувуаме како Африканци среде Европа, порача тој.

Најнови вести