среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митревски : Големо зло е направено со Преспанскиот договор, не постои Македонија тоа е протекторат

Митревски : Големо зло е направено со Преспанскиот договор, не постои Македонија тоа е протекторат

Дарко Митревски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“  кажа дека големо зло е направено со Преспанскиот договор и дека со него веќе не постои државата Македонија како што ја знаеме.

Уште на луѓето не им е јасно какво зло е направено. Прво не постои повеќе Македонија да го разјансиме тоа . Според Преспанскиот договор Македонија е дефинирана како област во Северна Грција. Не постои Македонија. Тоа таму кај што ти сега си во моментот се вика поинаку. И тоа има нема никаква врска со никакви наши политички идеали и никаква наша традиција . Тоа е наметнато име истакна Митревски .

Дополнително Митревски потенцираше дека бидејќи не постои името Македонија не постои ни државата Македонија со потпишување на договорот  и дека не е суверена земја.

Бидејќи не постои Македонија не постои ни државата Македонија. Таа држава сега што е таму е туѓа , тоа е протекторат тоа е една територија наметната на македонскиот народ . Тоа не е суверена Македонија за која гласавме 91 година појасни Митревски.

Најнови вести