вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митровски: Одлуката на Катица Јанева е незаконита- постои одредена координација меѓу неа и извршната власт, а делумно и републичкото обвинителство

Митровски: Одлуката на Катица Јанева е незаконита- постои одредена координација меѓу неа и извршната власт, а делумно и републичкото обвинителство

Не постои законски основ да редовните јавни обвинителства ги превземат предметите кои се започнати од СЈО, а тоа е така бидејќи така е детерминирано во Законот за СЈО кој што е се уште на сила, истакна адвокатот Јанаки Митровски за Алфа ТВ.

Никаде, ни во Законот не е дозволено ниту предвидено дека еднаш воспоставена надлежност на СЈО може да се врати во редовните јавни обвинителства. Од тука, одлуката на Катица Јанева или полномошно како сакате наречете го, е незаконито.

Според Митровски, постои одредена координација меѓу Јанева и извршната власт, делумно и републичкото обвинителство.

Вели дека Јанева воопшто не била загрижена за СЈО и предметите.

-Ако Јанева беше загрижена за СЈО немаше да го доведе СЈО на ова дереџе и да учествува во Рекет.

Најнови вести