вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Премиерот е тој кој што нема сила да излезе на дуел со лидерот на опозицијата и да ги вкрстат аргументите, затоа тој бара брифинзи каде што пушта спинови, промена на Устав нема да има

Мицевски: Премиерот е тој кој што нема сила да излезе на дуел со лидерот на опозицијата и да ги вкрстат аргументите, затоа тој бара брифинзи каде што пушта спинови, промена на Устав нема да има

„Спинот за релативизирање на овој скандал број еден се прави повторно преку враќање на тезата каде што премиерот рече дека преговараме со ВМРО-ДПМНЕ околу уставни измени. Премиерот е тој кој што не може својот авторитет да го искористи кај неговите пратеници затоа што слушнавме дека нешто се случувало при координацијата околу пратенички прашања кога буквално бил гонет низ Собранието да не ја поднесе оставката до архивата. Добар дел од коалиционите партнери не му го гласаат договорот и законите со европско знаменце затоа што се свесни дека има злоупотреба во нив и дека никој не ги видел. Премиерот е тој кој што нема сила да излезе на дуел со лидерот на опозицијата и да ги вкрстат аргументите. И затоа тој ќе бара брифинзи каде што ќе пушта спинови и ќе ги фрла пердувите“, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски посочи дека апсолутно нема преговори за уставни измени.

„Апсолутно нема преговори и овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа впрочем му кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту има мандат, ниту сака, ниту ќе преговара за промена на Устав под диктат на Бугарија“, нагласи Мицевски.

Тој се осврна и на криминалот и корупцијата при што додаде дека потребно е да се разговара околу владеење на правото и справување со корупцијата и криминалот.

„Тоа е тема за која што ние исто така треба да разговараме и во нашата држава, затоа што владеењето на правото и корупцијата се нешто за кое што не мора некој од надвор да нѐ уверува дека се случува, бидејќи знаеме и ние. Мерењето на јавното мислење укажува дека злоупотребата на владеење на правото, високата корупција излегува од редовите на власта. И тоа сите добро го знаеме. Да, треба да поработиме сите заедно, меѓутоа треба да поработи посебно владејачкото мнозинство и да ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека Владата на СДСМ и ДУИ се генератор на високата корупција во државата. И ВМРО-ДПМНЕ се согласува дека на тој европски пат треба сите заедно да поработиме затоа што злоупотребата на европското знаменце и прекршување на обврските кои што ги имаме како држава во Спогодбата за стабилизација и асоцијација утре може да не блокира било која земја членка при евроинтеграции“, нагласи Мицевски.

Најнови вести