Ние како Центар за развој на Скопски плански регион особено сме горди кога реализраме еден ваков тип на проект. Имено се работи за изградба на детска градинка, која ќе биде клон на постоечката детска градинка „Авионче“ во општина Петровец. Оваа детска градинка ќе ги задоволува потребите за населението од општина Петровец, изјави Јане Мицевски, директор на Центар за развој на Скопски плански регион на денешното поставување камен темелник за нова градинка во општина Петровец.
Мицевски потенцираше дека во склоп на оваа детската градинка ќе има и сензорна соба која ќе биде наменета за дечиња со посебни потреби, дечиња со аутизам, деца со Даунов синдром.
-Финасиската поддршка обезбена преку Бирото за регионален развој, Скопскиот плански регион, она што треба да го напоменам е дека во склоп на детската градинка ќе има и сензорна соба која ќе биде наменета за дечиња со посебни потреби, дечиња со аутизам, деца со Даунов синдром, истакна тој.
Мицевски заклучи дека вкупната вредност на оваа фаза од проектот изнесува околу 10 милиони денари.
-Вкупната вредност на оваа фаза од проектот изнесува околу 10 милиони денари, рече Мицевски.