Недозволиво е во една демократија избраните претставници на народот кои најголем дел се избрани со повеќе од 10 илјади гласови некој да дојде и да разговара и прави притисоци некои кои не бил избран од народот кое е избрано и именувано лице после избори. Според Мицевски тоа е обид за спинување и бегањето од реалните теми и разговори за тоа дали Бујар Османи и Бојан Маричиќ разговарале и се јавувале на одредени пратеници и дефокусирање на јавноста како се купи Соравија, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.
Тој додаде дека ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и произлегува од граѓаните.
Тој посочи дека уставните измени не се нешто приоритетно за кое треба да зборуваме. Имаме проблем со високата корупција која се јави во високите владини редови за која редовно дискутираме и за која бараат голем број амбасади и дипломати решение.
„Ние пред некој период имавме американска администрација која ни укажа и ни стави на црна листа човек кој е од владејачкото мнозинство и актуелен функционер. Од друга страна имаме и најава дека во наредниот период ќе дојде и оценска мисија да ја оценува работата на судскиот совет и имаме најава дека нешто се случува таму. Комисијата која ја направи јавниот обвинител утврди дека 14 од тие 30 предмети кои се против дотичниот функционер ставен на црна листа биле застарени“, кажа Мицевски.
Тој е дециден дека се руши судскиот систем и правосудниот систем во државата е дерогиран.
„Разговараме со коалицоните партнери и други политички субјекти кои се дел од коалицијата за „Обнова на Македонија“ за организирање и здружување околу една платформа за борба против корупцијата , подобрување на економските перфоманси и враќање на достоинството на македонскиот граѓанин и македонската држава. Секој оној еден кој ќе се подобри во таа платформа е добредојден во опозицискиот блок за рушење на оваа ненародна туку деструктивна и самоуништувачка Влада која работи спротивно на интересите на своите граѓани“, посочи Мицевски.