понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски ги извади на површина глодарите во политиката

Мицкоски ги извади на површина глодарите во политиката

Лидерската средба која се одржа минатата недела помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и понатаму е главна тема во јасноста. По завршувањето на лидерската средба претседателот Мицкоски излезе со два предлози и тоа:

1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори.

По овие предлози на ВМРО-ДПМНЕ од власта почнаа да ги спинуваат затоа што повеќе од јасно е дека власта на чело со Ковачевски и Ахмети немаат обезбедено 2/3 мнозинство за уставни измени.

-Ковачевски да си даде оставка, затоа што манипулативните политики на неговата Влада се разобличени. Излезе на виделина дека цело време ги лажеа и домашната и меѓународната власт дека имаат двотретинско мнозинство за уставни измени. За жал најголема жртва на ваквата нивна политика е Македонија и народот, наведува ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение.

Недавањето на одговор за тоа кој од двата предлози кои ги даде претседателот Мицкоски ги прифаќа власта значи дека тие не дозволуваат ДУИ да оди во опозиција или дека планираат ново национално предавство на Македонија и да прифати ново барање од Бугарија.

-Една веројатност е дека не ја дава ДУИ да оди во опозиција, затоа што Ковачевски и неговите сопартијци се држат како заложници и се уценети за нивните коруптивни дејанија. Втората веројатност е дека СДСМ не ги прифаќа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи планира во текот на преговорите да подготви ново национално предавство, односно е спремна да ги дораскрчми националните интереси, да прифаќа нови барања од Бугарија и целосно да го срози македонскиот иденитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со ова повеќе од јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ги извади сите скриени намери на власта предводена од СДСМ и ДУИ.

Најнови вести