Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински печат“ зборуваше за законот за здруженија и фондации каде зачудувачки е што овој закон предизвика голема контраверзност и се прелеа и во Законот за политички партии.
-Јас сум прво шокирана што еден закон за здруженија и фондации кои е исклучително мал закон со мали измени, тие измени нели се сведуваат на измени кои имаат антифашистички тон, осудуваат имиња, презимиња или синоними на фашисти, соработници на фашизмот, навистина ме чуди што толкава контраверзност околу едно вака ситно законско решение кој што се прелеа и во Законот за политички партии како решени и така натаму. Многу повеќе ме шокираше една декларација која беше изгласена во Бугарското Собрание, еден ден пред распуштање на Собранието без ни еден глас против, без речиси никаква дискусија. Таа декларација се вика декларација во врска со ескалацијата на агресивните бугарски манифестации во Република Македонија. Во тие антибугарски манифестации е вброено под точка 6 Законот за здруженија и фондација, значи антофашистичкиот закон се сведува на антибугарски според нив, навистина шок. Зошто? Затоа што ова законско решение ниту спомнува Бугари, ниту Срби, Македонци, ниту Грци, ниту никого, изјави таа.
Пратеничката Мизрахи во врска со овој закон ја спомена и Декларацијата во Бугарија за што потенцираше дека овој закон пркоси на договорот за добрососедство од 2017.
Тоа е антифашистички закон. Тој Закон се најде во оваа декларација што мене ме шокираше особено што вели дека пркоси на договорот за добрососедство од 2017. Земајќи го во предвид политичкиот амбиент апропро билатералниот договор во кој што имаме вакви брутални, дрски, невоспитани, агресивни, напади од политичарите од нашиот источен сосед, од македонската страна, од власта добивате молк во континуитет и еден вид на субмисивно однесување сето ова ќе помине, само да прекутиме целта е да влеземе во ЕУ и да ги добиеме европските фондови. Оттаму може ме загрижуваше и изјавата чуму и идентитетот, ако немаш пари и на крајот се сведува се на пари, кажа таа.
Мизрахи укажа дека во врска со ова поставила и пратенички прашања до премиерот.
Јас поставив и три пратенички прашања до премиерот за законот за здруженија каде прашав дали ова декларација на било кој начин ќе го вознемири имплементирањето на Законот бидејќи закон донесен во Собранието неспорно мора да се имплементира во државата, вели таа.
Мизрахи во врска со ова, го заклучи следново:
Прашањето останува на неимплеметација на законот и ако се пробие рокот. На жал тогаш ќе имаме уште еден доказ на владата и власта дека не е народна и не припаѓа на народот. Собранието е дом на граѓаните, тоа не е дом на одредена партија иако мнозинството начелно прави тоа што сака. Доколку домот на граѓаните издал закон, извршната власт мора да го имплементира, ако не го имплементира, власта не припаѓа на домот на граѓаните и тогаш државата не е на народот и ќе мора да се соочиме со фактот дека државата во ваквите случаи на неимплентација на закони не е народот, тогаш е државата на извршната власт.