Премиерот треба да излезе со одговори, не може во континуитет да се брани со дека тоа тој нема одговори и не ги разбира прашњата дека не е експерт по тоа поле. Бидејќи во периодот на неговата не експертиза во сите можни полиња ние сме во економска, енергетска , топлинска, здравствена , образовна, еколошка криза, изјави пратеничката и член на ИК Рашела Мизрахи во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа.
Таа додаде дека ние сме во кризна состојба на Влада. Тоа доведува да има кризна состојба во целата држава, бидејќи ова е кризна состојба на Владата каде премиерот не може да одговори на прашањата и власта не одговара на прашањата.
„Граѓаните ја живеат реалноста, а тоа е инфлаторната стапка која се случува, недостатокот на струја и константната тензија дека електричната енергија ќе поскапува, прашањето дали ќе имаме топлинска енергија“, рече Мизрахи.
Мизрахи потенцираше на тоа без разлика што Владиниот ПР ќе изготви, луѓето реагираат согласно довербата која ја имаат во самата власт. Граѓаните немаат доверба а таа доверба не може да им ја наредите, довербата се создава или се губи, довербата е загубена. Со тоа имаме нелегитимно владеење на ова власт, не се легитмни лидери поради тоа што нема општествена оправданост, граѓаните едноставно не им веруваат.
„Клептократијата е во сите сфери и поради тоа тонат и институциите поради тоа што формата на процесите кои треба да се обавуваат во институциите е на незавидно ниво на ирелевантно ниво. Битни се само тендерските постапки на одредени фамилии, одредени групации за кои слупаме по медиумите и се повеќе се преплашуваат од што всушност е нашата реалност“, кажа Мизрахи.
Мизрахи додаде дека нормално е во вакво окупирање на сите институции на државата ќе се има таков одговор на граѓаните на анкетите за тоа колку има доверба во институциите, Собранието и судството.