Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ го кочи носењето на петтиот пакет економски мерки, вели пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи.
-Нѐ уценуваат за сѐ додека стоиме на браникот на граѓаните. Нѐ уценуваат уште од првиот ден.
Нѐ уценуваат држејќи го народот како заложник. Одбиваат да ја отворат 36-та седница додека не изнудат од нас кворум за 32-та седница. Одбиваме да бидеме уценети! Тука сме во Собранието на Република Македонија за да ги изгласаме мерките кои се во интерес на граѓаните, без нивното условување, пишуваа таа на Фејсбук.