вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи со моќна порака: Ние сме крвта на Македонија!

Мизрахи со моќна порака: Ние сме крвта на Македонија!

Куманово и кумановчани, Наследници на кумановскиот и македонскиот крал и херој Карпош.

Дојде денот пријатели, Нема каде сега…

Нема алиби за погубните политики, нема бегање од одговорноста за кршењето на законите, уставот, од малтретирањето на сопствениот народ, за рекет, за силеџиство, за плукањето по нашите гробови, нашите деца, нашата Македонија.

НИЕ СМЕ КРВТА НА МАКЕДОНИЈА!!!

Ни зборуваат како напредокот на државата зависел од свитканата кичма.
Не, напредокот на државата зависи од нас.
Ние знаеме дека напредокот се должи на сопствен труд, на сосптвена пот, напредокот е пот, солзи, работа, достоинство.

На 15 јули граѓаните на Куманово во огромен број ќе ја поддржат листата со кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, предводена од Владо Мисајловски-Кендо и идниот премиер на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски со кого незапирливо чекориме кон една огромна победа, со која ќе започне долгоочекуваната Обнова на Македонија!

Затоа денес од овој град херој, од овој град кој е симбол на слободата на Македонија, градот на македонскиот непокор, ќе им порачаме:

ГОТОВИ СТЕ!

ГОТОВО Е!

ОДЕТЕ ДА ГИ ЛЕЧИТЕ СВИТКАНИТЕ КИЧМИ НА ДРУГО МЕСТО!

ОВА Е ГОРД НАРОД, СИЛЕН НАРОД, ОВА Е МАКЕДОНИЈА!!!

#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова
#ОбноваНаМакедонија

Фејсбук статус на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести