вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи: Власта со дезинформации се обидува да ги покрие своите неуспеси, Македонија ја доведоа до положба да преговара за македонски јазик со Бугарија

Мизрахи: Власта со дезинформации се обидува да ги покрие своите неуспеси, Македонија ја доведоа до положба да преговара за македонски јазик со Бугарија

Вечерва во „Само вистина“ гостуваше Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. При гостување во самата емисија посочи дека власта за да ја дефокусира јавноста користи дезинформации во врска со опозицијата, наместо да признае до каде се со преговорите со Бугарија и да признаат дека тие се виновни зошто денес Македонија преговара со Бугарија за македонски херои и македонски јазик.

„За жал политиката во Македонија се повеќе се сведува на едно шоу, и многу дезинформации се шират во јавноста и верувам дека тоа ја анимира јавноста и ја дефокусира од реалните проблеми, секојдневни проблеми“, појасни Мизрахи.

Мизрахи додаде дека власта секојдневно шири дезинформации во јавноста, за да се дефокусира јавноста од несупесите на СДСМ.

„Многупати ме прашувале зошто Еврејка во политика, зошто Еврејка во политика во Македонија, зошто Еврејка во ВМРО-ДПМНЕ. А, јас им одговарав зошто да не“, потенцира Мизрахи. Мизрахи посочи дека во ВМРО-ДПМНЕ членуваат Албанци, Турци, Роми. А, тоа е небулозно во 21 век да се коментира.

„Целата ситуација со Бугарија и Македонија е побеќе од небулозна. Значи културолошки и цивилизациски и на било кој начин гледано Македонија припаѓа во ЕУ. На Македонија секогаш Брисел и Вашингтон и биле стратешки партнери и тоа било секогаш, сега е и ќе биде во иднина. Знаете како ова наликува на тоа што Македонија е економски послаба држава да биде сега новото детенце кое што сака да влезе на фудбалско игралиште и му викаат не можеш да влезеш да играш со нас фудбал заради тоа што се викаш Горан, Стефан , се викаш Македонија“, појасни Мизрахи.

Мизрахи рече дека воа е билатерален спор кој што не е јасен на големите европски држави, воопшто на никого не е јасно зошто ваков спор би бил пречка за добивање на датум за преговори со ЕУ.

„Договорите се пишуваат прецизно, а не за да ги имаме како лист хартија која што може да биде предмет на толкување на илјада варијанти на сиво. Договорот требаше да биде црно – бел и да се знае точно за што се поставуваат тезите во однос на добрососедските односи. Сега одеднаш излегува дека македонската страна толкува на еден начин, а бугарската страна толкува точки на поинаков начин“, нагласи Мизрахи потенцирајќи дека единствен виновник за сето ова е Зоран Заев и неговата влада која што ја доведе Македонија до овој степен да преговара со Бугарија за македонските херои и македонскиот јазик.

Најнови вести