петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мизрахи: Власта со фијаско ќе си замине бидејќи граѓаните немаат доверба во институциите кои се носители во државата

Мизрахи: Власта со фијаско ќе си замине бидејќи граѓаните немаат доверба во институциите кои се носители во државата

„Евроинтегративните процеси како опција за граѓаните на Република Македонија биле поддржани со 90% од испитаниците во септември 2010 година а довербата кон евроинтегративните процеси тогаш била далеку поголема од овие 22% сега“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во вечерашното гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Таа додаде дека народот е секогаш посилен и погласен. Дојдоа со лаги, фијаско и измани и со фијаско и ќе си заминат.

„Откога ја уништија институционално државата навистина се грижам за моето дете и овие реформи кои ги постави власта не се реформи туку е камуфлажа на криминал и корупција и негрижа за сопствениот народ“, кажа Мизрахи.

Таа истакна дека немаме држава бидејќи граѓаните имаат недоверба во институциите кои се носители во државата.

„Судството имаше 3% а на претходната анкета 8% доверба. Судските процеси и како одредени лица се еднакви пред законот или не се еднакви пред законот и кој одговара пред законот. 3% од граѓаните имаат доверба во Владата, а во парламентот 2%, во ДКСК 2%, во судовите и ЈО 1%“, изјави Мизрахи.

Најнови вести